Олимпискиот шампион Шабан Трстена наполни 55 години со желба на Олимпијадата во Токио да освоиме медал

86

Денеска е роденден на спортистот на векот на Македонија и, воопшто, најсупешниот спортист, олимпискиот шампион – Шабан Трстена.

Среќен роденден ден шампионе! Многу среќа, здравје и успех ти посакува Ипон.мк.

Влеговме во олимписка година и главниот настан што ќе се случи годинава во Токио – Олимписките игри. Досега само борачот Могамедгаџи Нуров избори норма. Се надеваме дека и други спортисти, како Емил Павлов, Дејан Георгивески ќе ги видиме на Олимпијадата, а Трстена нека им биде поттик за остварување на сонот, затоа што годинава се навршуваа 36 години од освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес – САД, во 1984 година.

Неговите 19 медали од големите светски натпреварувања нека ве охрабрат и вие да бидете носители на олимписки медал.

Среќна и бериќетна 2020 година!