Олимпискиот шампион Шабан Трстена ја има формулата како нашето борење да се врати на победничките патеки на светската сцена

Олимпискиот шампион Шабан Трстена ја има формулата како нашето борење да се врати на победничките патеки на светската сцена, односно како нашите борачи да освојуваат медали од европските и светските првенства и од Олимпиксите игри.

„Ако сакате, мора да работите. За да станеш лекар, мора да учиш! За да станеш спортист, мораш да тренираш! Треба да имате секојдневна самодисциплина, односно колку ќе бидете дисциплинирани,толку повеќе ќе имате успех“, порачува освјувачот на 19 медали од спортските арени на својот Фејсбук профил и додава:
„Ние балканските народи знаеме дека не го почитуваме работното место. Кога моите врсници наутро спиеле, јас излегував да трчам. Кога младите остануваа во кафетериите, јас излегував да трчам. Кога младите одеа во дискотеката, јас трчав. Трчав зашто сакав да постигнам голем успех“!
За да покаже на што се бил подложен и одлучен да прави, Трстена како ислутрација приложува една фотографија на која е многу слаб, но жилав.

„Со моето спортско тело, иако изгледам како костур и сум слаб, во мојата 20-годишна спортска кариера станав победник на многу шампионати, освојувајќи титули и златни медали во целиот свет“, заклучува Трстена, објаснувајќи дека прв пат ја покажувам оваа фотографија кога симнувал по 12 килограми, односно од 64 килограми се симнував на 52 кг. Било многу тешко, сепак бил подготвен да ги победи сите спортисти на Олимписките игри.

„Дури, и кога немавме сали за борење и бевме без услови, во така тешки времиња, пак ги победував противниците кои беа меѓу најдобрите во светот. За постигнување на овие успеси само мојата спортска душа и Господ знаат колку пот сум исфрлиф од моето тело за да ги освојам овие светски медали. Во денешно време младите спортисти имаат подобри услови, секое село и град имаат спортска сала и пддршка од Владата, од директорот на АМС, политичките партии, бизисмените и од градоначалниците. За жал, на светско ниво не можат ниту една минута да останат на мегдан со некови противници“, констатира најуспешниот македонски спортист со прашање: До кога?
Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON