Бакочевиќ: Влегов да се замаваме, не изгрував мајмун (ВИДЕО)

Васо Бакочевиќ по враќањето во Србија го даде првото големо интервју по поразот во дебито за Белатор. Потсетуваме дека најдобриот црногорски ММА борец беше поразен пред неколку дена во мечот со поранешниот шампион Андреј Корешкова на настанот во Рим со прекин во првата рунда.

Кобен за Псхопатот беше еден кружен удар со нога кој заврши во џигерот и Црногорецот не можеше да продолжи. Во интервју за ММА Новости со Златко Оштрогонец откри како го доживела поразот од руски нокаутер.

„Јас навистина не отидов да се заебавам и изгрувам мајмун. Влегов внатре да се замаваме, па што биде. Да, на хартија знаев дека немам многу шанси заради категоријата. Јас сум во -77 добив меч против топ три лика, не Пол Дејли или Џон Фич … Добив борец кој е покрај Рори Мек Доналд најдобар во светот. Тоа е проверено. Го добил само Даглас Лима, но секој знае што се случуваше на тој меч“, објаснува Бакочевиќ без влкна на јазикот, како и обично.

Потоа го опиша мечот од негова перспектива. Дали самиот факт што се бореше за Белатор, втората најмоќна ММА промоција во светот, влијаела врз неговата изведба?

„Кога влегов во борилиштето, кога видов сето она, дали знаевте колку ме болеше ку.от за Корешков? Не ми беше гајле, се мислам: Сега ќе се замаваме, па што биде нека биде! Инаку, тој се движи лесно, го има првичното испитување, а потоа тргнува со ракетите. Така беше и против мене. Затоа уште на почетокот сакав да го издувам. Што е најлошо, ми помина со оверхенд, му ја однесов главата еден метар. Се размавав, но направи чекор назад. Виде колку е часот и дека не сум зебанција. Многу добро држи дистанца и многу е брз. На крајот ме продупчи со тој удар од свртување со нога, кој не го видов. Беше премногу брз“, вели Баоќеќевиќ.

Целосните впечатоци сепак му се позитивни. Црногорецот има уште две борби во Белатор, а верува дека веќе следната може да биде во лесна категорија, а не во велтер кој очигледно не му одговара.

„Жал ми е, бидејќи заврши толку брзо. Во глава ми беше да се испозаколеме. Не ми беше гајле за резулатот, кој што ќе мисли и зборува. Пролеав многу крв за да дојдам до овде. Но, оваа категорија навистина не е за мене. Да ми дадеа некој малку пореален … Тоа е како да сум потпишал за УФЦ и да речеме сум го добил Дарен Тил, тој топ 3 или топ 4. Беше малку нереално, но се согласив на тоа. Жал ми е што се заврши толку брзо, а не требаше“.

Целиот подкаст во траење од 40 минути видете го во продолжение:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО