Олимпискиот шампион Шабан Трстена доделува награда „Златен олимписки оскар“

 

Олимпискиот шампион Шабан Трстена востановува награда „Златен олимписки оскар“ која ќе ја доделува на луѓе и институции кои се заслужни за неговиот спорстки успех и на оние кои се докажуваат како врвни спортсити.

Премиерата на „Златниот олимписки оскар“ е во четврток (21 декември) во хотелот „Александар палас“ во Скопје со почеток во 11 часот, при што ќе бидат доделени пет оскари. Први добитници на „Златниот олимписки оскар“ се Макдонскиот олимписки комитет – Васил Тупурковски, Агенцијата за млади и спорт – Дарко Каевски, Насе Насев – како тогашен селектор на репрезентацијата, Милош Вучидолов – доктор на репрезентацијата и Хајруш Синани, како негов тренер.

„Почитувани спортисти и тренери, ректори и професори, спортски новинари и телевизиски медиуми, со еден збор, сите што ми бевте блиски многу години во моите победи и успеси, и по долгиот пат да стигнам до врвот на Олимп. Она што ме поттикна да ги наградувам со „Златниот олимписки оскар“, нешто што за прв пат се случува, е фактот дека до титулата олимписки шампион успеав да стигна на достоинствен начин, со храброст и самодоверба. Така го реализирав сонот, што си го поставив за цел, односно,да стигнам на врвот спортките остварувања, каде што се наоѓаат само шампионите – на врвот на Олимп“, вели Шабан Трстена и додава:

„20 години сум ценет спортист, земајќи многу награди, признанија и медали од целиот свет. Тоа беа посебни настани, ретки во животот. Беа извонредни настани, со оценки кои на човекот ретко му се даваат во животот, а кои изразуваат голема почит. Оценки за придонесот што сум го дал. Задоволство е кога се чувствуваш ценето од вистинските луѓе, главно од мојот роден град и од цела Македонија. Значи, како спортист на 20 век, преку актот на доделување на овие „Златни олимписки оскари“ иразувам благодарност на луѓето кои 20 години беа со мене и воедно изразувам голема почит за секој што дал придонес и знаел да го цени и вреднува мојот успех и вредностите на спортот во целина, а посебно олимписките вредности“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО