Олимпискиот оган тргна од Олимпија за Рио де Жанеиро

Palenje na olimpiskiot ogan

Олимпискиот оган го започна патувањето за Рио де Жанеиро, каде што ќе се одржат Летните олимписки игри.

Факелот беше запален за време на церемонијата во Олимпија, Грција, родното место на Олимписките игри.

Околу 450 лица ќе го носат факелот во шестдневна турнеја низ Грција, вклучително и сириски бегалец кои добил азил во земјата.

Факелот подоцна ќе пристигне во земјата -домаќин на олимписките игри. Огнот ќе оди преку 83 бразилски градови и 500 помали населени места, со помош на 12.000 лица, носители на факелот .

На крај факелот ќе пристигне на стадионот Маракана, за време на церемонијата на отворањето на игрите на 5-ти август 2016.

Ова ќе бидат првиот Олимписки игри одржани во Јужна Америка.

Фановите можат да ги следат факелот за време на патувањето на овој Твитер профил: @OlympicFlame.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON