Олимпија ги почна подготовките за Балканското првенство со борачки од три држави

Од вчера Олимпија од Штип ги почна подготовките за Балканското првенство од 7 до 12 октомври во Клуж, Романија. На подготовките до 14 септември учествуваат и борачки и тренер од странство.
На подготовки во Штип се борачките Арина Арабаџи од Украина, Памела Пламенова од Молдавија, Олга Попова и Валерија Станчева од Бугарија, како и тренерот Васили Татарлиев на ЦСКА од Бугарија.

„Академија Олимпија – Штип, со тренерите Гордан Николов и Кире Нисев, тренерот од Бугарија, Васили Татарлиев, ќе имат задача на овие подготовки да и овозмозат на борачите и борачките кои ќе учествуваат на Балканското во Романија во У-15 (пионери), У-17 (кадети) и У-20 (младинци) да ги поготват технички, физички, психички. Да и всадат на младите борачи дух за победа, мотивација: „Да, јас сум тој или таа кој е непобедлив“! Многу значајно за младите спортисти да тежнеат за успех во нивата кариера. Тој мотив за победа и шампионски повик на овој камп борачите ќе го почуствуваат со самото присуство на европските шампиони Олга Попова, Валерија Станчева и Андреа Нисева“, велат од Олимпија.
„Академијата за борење Олимпија – Штип полека но сигурно граби кон олиписките вредности и прави спортисти. Така. школата на Олимпија е препознатлива во Европа, каде што во иднина, преку базата на академијата, ќе има се повеќе спортисти кои ја препознаваат.
Но, Олимпија има цел учество на Олимпијада и освојување медал“, изјави за Ипон првиот и најдобар тренер по резултати Гордан Николов и шеф на Академијата на Олимпија.



