Олејник е подготвен да се бори со Нгану

Рускиот ММА ветеран Алексеј Олејник објави дека е подготвен да се бори со Френсис Нгану. Тоа се случи само неколку минути по неговата победа над Марк Хант на првата галавечер во историјата на УФЦ во Москва.

Олејник ја доби борбата во првата рунда. Мечот не започна добро за Русинот, бидејќи доби ѕверски лоу кикови. Уште во првата можност Олејник ја симна во партер легендата на К-1 и го заврши со зафат за давење.

„Не знаев дали ќе победам, додека не ја ставив раката под брадата на Марк Хант. Имав два промашени обиди за  сабмишн. И двата беа за вратот. Едната проработи. Јас сум еден од најмалите во тешка категорија. Затоа со задоволство ќе се соочам со Френсис Нгану“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON