Лукаш Розански само една година беше сопственик на појасот на ВБЦ во бриџер категорија, откако лани со прекин во првата рунда го победи Хрватот Ален Бабиќ.
Имено, полскиот боксер загуби од Лоренс Околи на настанот во Жешов.
Британецот со мокаут во првата рунда го совлада Розански и му го нанесе првиот пораз во кариерата.
Околие уште од самиот почеток го нападна домашниот борец и двапати го собори, а пред да го собори по трет пат, судијата по одбројувањето ја прекина борбата.
31-годишниот британски боксер со тоа стана шампион во бриџер категоријата на ВБЦ, а во текот на кариерата беше сопственик и на појасот ВБО во полутешка категорија.
Пред една година ја загуби титулата против Крис Билам-Смит, тоа беше негов прв професионален пораз.
„Тоа беше најдобриот момент во боксот за мене. Нова тежина, ми се врати нокаут моќта. Пред мечот реков дека веднаш ќе барам нокаут, тоа го направив“, изјави Лоренс Околи, кој со овој триумф стигна до 21. победа во кариерата.
Lawrence Okolie (20-1) 🇬🇧 scored three knockdowns and stopped Lukasz Rozanski (15-1) 🇵🇱 in the first round in Rzeszow, Poland.
With this victory, Okolie becomes the new prestigious WBC Bridgerweight Champion!#RozanskiOkolie pic.twitter.com/ptgGSeF9fM
— Permante (@PermantexG) May 24, 2024