Окикукаи уечи рју Македонија Хомбу доџо Велес го одржа редовниот семинар во Охрид (ФОТО/ ВИДЕО)

Во периодот од 16 – 18 јули, во организација на Окикукаи уечи рју Македонија Хомбу доџо Велес, се одржа редовниот семинар, но овојпат во Охрид.

Инструктори на семинарот беа, сенсеи Милан Димитриески (7 дан) од Белград Санчин доџо, Окикукаи Србија, и Боре Видевски (4 дан) од Велес.

„Семинарот беше од едукативен карактер, но имаше и полагање за ученички (кју) рангови. Целта беше да се подигне нивото на квалитетот на вежбачите преку изучување на нови знаења од изворниот стил од Окинава, уечи рју. На семинарот беше гостин и сенсеи Ѓоко Томоски (4 дан) Шотокан рју од Охрид со своите ученици“, вели Боре Видевски.

Во прилог има видео на кое се гледа изведба на основната ката (форма) санчин од страна на изведувачот Дарко Димов (1 дан) и сенсеи Милан Димитриески кој го изведува тестирањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON