Официјално: Јоел Ромеро – Роберт Витакер за привремената титула

Јоел Ромеро и Роберт Витакер ќе се сретнат за привремениот појас во средна категорија на УФЦ.

Ова на новинарите го изјави Брет Окамото кој добил потврда лично од претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

Како што е познато, Јоел Ромеро е предизвикувач №1 за појасот, но шампионот Мајкл Биспинг не е во можност да го брани во дадениот момент. Причина за тоа е операцијата на коленото, која се уште не му дозволува да се бори.

„Во моментов дури не можам да трчам. Сите на социјалните мрежи ми велат да не бегам од Јоел. Вистината е дека во моментов не можам да избегам од кого и да е! Во моментов ми се наметнува да куцам на една нога. Сигурно, нема како да се вклучам и на камп за тренинзи“, се пожали шампионот.

УФЦ 213 се јавува како одличен настан. Особено откако видовме колку е запален Ромеро за освојување на титулата …

Во полусредна категорија ќе го видиме дуелот меѓу Доналд Кероне и Роби Лоулер, додека кај жените Аманда Нунес ќе го брани појасот против Валентина Шевченко.

Требаше да го видиме и мечот меѓу Коди Гарбранд и ТЈ Дилшоу, но Гарбранд исто така не е во можност да се бори поради повреда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО