Официјално: Фјури се откажа од титулите!

Tajson Fjuri so poajsite na ramo

Британскиот боксер Тајсон Фјури веќе не е светски шампион во бокс за професионалци во тешката категорија. Тоа стана факт откако 28-годишниот Британец доброволно се откажа од појасите во верзиите на ВБО, ВБА и ИБО кои ги освои по победата над Владимир Кличко во ноември минатата година.

Фјури два пати ја одложи одбраната на титулата, а во септември се подложи на допинг тест, притоа даде позитивен резултат за употреба на кокаин. Малку подоцна самиот боксер призна дека користел дрога, за да ја совлада депресијата во која западнал. Доброволнто откажување од титулите значи дека постигнал договор да добие нова шанса да се бори за нив, откако ќе стане чист од дрога.

„Ми претстои последователен животен тест по борбата во рингот со Владимир Кличко. Ќе се борам до крај“, изјави Фјури, кој подоцна на Твитер упати и виртуелна молитва кон Бога да му помогне да си ги врати појасите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО