Официјално е одложен мечот Џошуа – Пулев

Мечот за светската титула меѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев е одложен поради пандемијата од коронавирусот. Како и сите големи натпреварувања во светот очекувано беше да се одложи и борбата која беше закажана за 20 јуни на новиот стадион на Тотенхем Хотспур во Лондон.

„Разговараме со Тотенхем околу новиот датум. Борбата планирана за 20 јуни е одложена, се обидуваме да најдеме термин на почетокот на јули или август. Се надевам дека борбата ќе се одржи до крајот на летото“, изјави промотерот на борбата Еди Херн.

Пулев го предизвикува Џошуа во ИБФ верзијата, а Британецот е носител и на титулите во ВБА, ИБО и ВБО верзијата. Единствениот појас кој не е во негова сосптвеност (ВБЦ) го држи Тајсон Фјури.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON