Џон Каванаг: Нема шанса Мек Грегор да се бори на УФЦ 249

Не очекувајте дека Конор Мек Грегор ќе го спаси денот борејќи се со Тони Фергусон на 18 април. Пред неколку дена, Хабиб Нурмагомедов се повлече од УФЦ 249, каде што требаше да се бори со Тони Фергусон за титулата во лесна категорија. Тешката ситуација го инспирира Џон Каванаг, тренерот на Мек Грегор, кој сподели дека тие се пакуваат и се упатуваат кон аеродромот.

Очигледно тие тврдења што ги сподели Каванг беа лага, затоа што во разговор во живо на социјалните медиуми, Џон изјави дека нема шанси Мек Грегор да се бори на УФЦ 249. Каванаг рече дека Мек Грегор не треба да се бори затоа што бил финансиски осигуран, но во моментот се воведуваат ригорозни мерки во Ирска заради коронавирусот.

„Нема шанси за тоа. За спроведување на строги мерки во Ирска поради коронавирусот. Јас и Конор немаме физички интеракции. Нема физички контакт во салата. Салите се затворени. Едноствно, не мислам дека би било паметно да се обидеме заедно турнеме во тоа. Тој сигурно нема да се бори, бидејќи нема да му недостасува храна во наредните 6 месеци. Мек Грегор е далеку од таа позиција“, рече Кавнаг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО