Нурмагомедов: Луѓето се тупави ако мислат дека може туку-така да се јавам на Путин и на Трамп

Актуелниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ги нарекува „глупави“ луѓе кои мислат дека тој само може да го подигне телефонот и да ги повика Владимир Путин и Доналд Трамп да договорат лет за САД и да се борат со Тони Фергусон на УФЦ 249.

Се зборува, со оглед на статусот што го ужива, Хабиб би можел да организира приватен лет надвор од Русија, доколку УФЦ најде место за борбата. Сепак, самиот Нурмагомедов возврати на таа идеја, повторно укажувајќи дека нема смисла да ја напушти татковината, кога се уште не е определна локацијата.

„Значи, тие мислат дека ако сум шампион, можам туку така да се јавам на Владимир Путин или Доналд Трамп? Луѓето се толку тупави. Како си го замислуваат тоа? Му се јавувам Дана (Вајт – претседателот на УФЦ) и го замолувам да го контактира Трамп. Му ѕвонам на Путин и сакам ме пушти во странство. Потоа му се јавувам на Трамп и го замолувам да ме пушти во САД. Тоа е како некој откачен филм“, коментира Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО