ПФЛ официјално го склучи договорот за стекнување на Белатор ММА.
Долго шпекулираната продажба беше официјално објавена од основачот на ПФЛ Дон Дејвис на Твитер. Договорот вклучува акции во ПФЛ, што ќе им овозможи на Парамаунт, поранешните сопственици на Белатор, да задржат малцински удел во промоцијата.
„Тоа целосно го промени MMA пејзажот преку ноќ. Вие во суштина спојувате две компании за да создадете колидер.
Комбинираниот список на ПФЛ-Белатор сега има 30 проценти од своите борци рангирани во првите 25 во светот според Фајт матрикс. Тоа е истото што го има УФЦ“, изјави Дејвис за „Фајненшл тајмс“.
Отсега па натаму Белатор ќе продолжи да работи како засбена промоција според „реформираниот“ систем во ПФЛ наречен Белатор интернешнл чемпионс серии. Белатор ќе прави 8 настани годишно, на секоја борбена карта со две борби за титулата.
Борците на Белатор кои моментално се под договор со промоцијата ќе можат да се натпреваруваат во ПФЛ. Тие можат да се борат на турнири во текот на целата сезона, како и во претстојната „суперфајт“ ППГ серија која започнува во 2024 година.
Дејвис, исто така, изјави дека ќе има „мега настан“ во 2024 година со планови да се промовира борбена карта што ќе ги спротивстави шампионите на ПФЛ против шампионите на Белатор.
Сега двете организации се спојуваат за да станат главен конкурент на УФЦ.
New MMA Global Powerhouse@PFLMMA acquires @Bellator
Our Fighter Roster Equal To UFC – Both 30% Top 25 World Ranked FIghters
PFL Launch Reimagined Bellator – Bellator International Champions Series
Mega-Event For Fans In 2024 – PFL Champs vs. Bellator Champs pic.twitter.com/Ma4YUl4AUi
— Donn Davis (@DonnDavisPFL) November 20, 2023