На 18 март во Лондон ќе бидеме сведоци на трилогија за титулата на УФЦ во полусредна категорија.
Шампионот Леон Едвардс го предводи настанот УФЦ 286 во пресметка со Камару Усман.
На крајот на август минатата година Едвардс губеше на поени во втората борба со Усман. Во последните секунди од борбата Леон упати висок удар кој го нокаутира Усман и го симна од тронот.
Сега третата борба ќе реши се и ќе му ја одземе шансата на поразениот за титулата во следните 1-2 години. Двајцата се во многу добра физичка форма и борбата ќе биде многу интересна.
Официјалниот трејлер за трилогијата:
https://www.youtube.com/watch?v=bm-rHkZ3x90
Главна карта:
Леон Едвардс (в) -. Камару Усман
Џастин Гејџи – Рафаел Физиев
Џоан Вуд – Луана Каролина
Гунар Нелсон – Брајан Барберена
Марвин Ветори – Роман Долиџе
Прелиминарни:
Џек Шор – Макван Амирхани
Сем Патерсон – Јанал Ашмоз
Мухамед Мокаев – Џафел Фиљо
Кристијан Лерој Данкан – Душко Тодоровиќ
Малколм Гордон – Џејк Хедли
Џенифер Маја – Кејси О’Нил
Џаи Херберт – Лудовит Клајн
Џулијана Милер – Вероника Македо
Крис Данкан – Омар Моралес
Лероне Марфи – ???