Оездемир знае зашто Џон Џонс не сака да се бори со него

Минатата сабота на УФЦ 214 предизвикувачот во полутешка категорија Волкан Оездемир забележа уште една решителна победа со нокаут во првата рунда против Џими Манува. Со оваа победа Оездемир го потврди својот статус на еден од најдобрите борци во категоријата и на еден од најзаслужните да се соочи со шампионот Џон Џонс.

За жал на Оездемир, Џон Џонс на листата има голем број на квалитетни противници. Едно од најпоскауваните противници е поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Брок Леснар, иако Александар Густафсон и од неодамна пензионираниот Ентони Џонсон се опција на шампионот.

Во последната емисија на БЈ Пен радио, Волкан Оездемир рече дека се вклопува во сликата на полутешка категорија. Иако неговата цел е што побрзо да ја освои титулата, тој е подготвен да оставри уште една борба, за да си ја зацврсти позиција.

„Ако го имате во предвид мојот прекар, „No Time“, па мојата прва цел е што побрзо да стигнам до титулата. Токму сега би сакал да се борам со Џон Џонс. Тој едноставно не е заинтересиран за ваква битка. Ова за него е опасна борба, а тој нема што да изгуби во неа. На крајот на краиштата, ако ги додадеме телевизиските пакети, јас нема да продадам колку Леснар, или, како, Густафсон или Рамбле“, изјави Оездемир.

Оездемир, исто така, ја коментираше желбата на Џонс да се бори против Леснар, што се чини дека е поверојатна да се случи.

„Џонс ја сака оваа борба. Оваа битка е веројтано само за пари, но мислам дека на Леснар му остануваат уште шест месеци од казната, а потоа ќе мора да се подложи на тестовите на УСАДА. Не знам колку долго ќе потрае тоа, но јас сакам да останам активен. Затоа мислев дека може да направиме борба со Густафсон за да го утврдиме топ предизвикувачот и кој е кралот на Европа“.

Потенцијалната борба меѓу Џонс и Леснар, веројатно ќе почека некое време за да се случи. Значи, ако УФЦ одлучи дека тоа е потегот кој сакаат да го направат, Оездемир се надева дека ќе воведат привремена титула во полутешка категорија.

„Подобро е во меѓувреме да направат битка за привреме титула“, заклучи Волкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО