Одреден термин за реваншот меѓу Девин Хејни и Џорџ Камбосос

Реваншот за неприкосновената титула во лесна категорија меѓу актуелниот број 1 Девин Хејни и поранешниот крал на дивизијата Џорџ Камбосос ќе се одржи на 16 октомври, пренесува ЕСПН.

Извори блиски до организаторите и до двете преговарачки страни велат дека тој датум моментално е фаворит, но се уште ништо не е конечно.

Иако младиот Американец победи на првата средба во Австралија, сега реваншот повторно ќе биде на австралиско тло. Галата ќе се одржи во Род Лејвер Арената во Мелбурн, домот на Австралија опен.

Локацијата на реваншот веќе беше избрана при потпишувањето на договорот за првиот меч, кој заврши со малку изненадувачка победа на „Сонот“.

Мечот на 5 јуни, кој се одржа во Мелбурн, заврши со едногласна одлука за победа на Хејни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON