Одреден новиот датум за Олимписките игри во Токио

Олимписките Игри што требаше да се одржат во Токио летово и официјално се одложени, а во заедничкото соопштение на јапонските власти и на ИОК беше наведено дека во блиска иднина ќе биде обелоденет и новиот термин.

Според јапонската телевизија НХК, домаќините веќе го одредиле новиот датум за почеток, според нив идеално би било свеченото отворање да се одржи на 23 јули, а Олимписките Игри потоа да траат се до 8 август. Во овој период не би требало да има други позначајни спортски настани, а терминот не се поклопува ниту со јапонската лига во бејзбол, најпопуларното натпреварување во земјата-домаќин на ОИ.

Се очекува во текот на следната седмица да дојде до нов состанок меѓу првиот човек на ИОК, Томас Бах, и претставниците на јапонската влада, по што и официјално 23 јули ќе биде потврден како термин за почеток на Олимписките Игри во Токио.

Според овој план, Параолимписките Игри би се одржале од 24 август до 5 септември 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON