Одобрени четири нови категории за ММА

Дискусијата во врска со воведувањето на нови категории во ММА трае со години, а во 2015 година почна сериозна дискусија за ова прашање.

Оваа среда, конечно, се заведени новите категории во правилникот кој го пропишува Асоцијацијата на бокс комисии и борбен спортови (АБЦ/ABC). Новитетот беше претставен на нивната годишна конференција во Конектикат и едногласно беше изгласана.

АБЦ одобри воведување на четири нови категории, до 165, 175, 195 и 225 фунти. Новите категории ќе се викаат супер лесно, супер велтер, супер средна и крузер категорија.

Нови категории беа одобрени откако ги предложи Атлетската комисија на Калифорнија предводена од Енди Фостер. Нови категории се дел од планот кој се однесува на симнување на килжата на борците, а се состои од 10 точки.

Важно е да се спомене дека боречки промоции не се обврзани да ги воведат новите категории, па така до неодамна УФЦ немаше женски мува и перо категорија, додека Белатор нема мува категорија.

„Само затоа што сега постои крузер категорија не значи дека УФЦ или Белатор мора да ја воведат. ММА промоциите само ја одредуваат тежината на борците кои се борат за нивните појаси за прваци“, вели Шон Вилок, претседател на Комитетот за правила и прописи.

Фостер смета дека големите промоции ќе ги воведат новите категории откако ќе почнат да се применуваат на аматерските и регионалните натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON