Одложени кавлификациите за ОИ во Париз, Арсосвки се надева дека ќе ја задржат формата Павлов и останатите каратисти

Логично беше да се очекува Светската карате федерација (ВКФ) да донесе одлука квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио да се одржи и наместо од 8 до 10 мај во Париз да се одржи од 26 до 28 јуни. Оваа одлука е донесена во договор со Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Преходно ВКФ поради ширењето на коронавирусот ги одложи Европското првентсво во Баку, Азербејџан, и турнирот во Мадрид од Карате 1 Премиер лигата.

Селекторот Сашко Арсовски не навлегува во тоа дали одлуката за одложување на квалификацискиот олимписки турнир во Париз е избрзана или не, но е очекувана, заради ширењето на коронавирусот. Според него, одалгањата на ЕП и Квалификациите во Париз не се во прилог на нашиот најдобар каратист и потенцијален олимписки кандидат Емил Павлов кој беше во серија победи на престижната Премиер лига.

„Формата му беше во нагорна линија, а ја темпиравме токму за Париз“, вели селекторот на сениорската репрезентација во борби.

Форматот на овој турнир и условите за учество на ЛОИ во Токио се непроменети, а се менува само крајниот датум за пријавување на каратистите по категории, кој сега е одложен до 4 јуни. Така, целосно се менуваат првобитниот план и програма на македонските каратисти, предводени од Павлов. Сега тренажен процес ќе биде фокусиран на новиот термин на одржување на квалификацискиот турнир.

„Контактирам со сите потенцијални кандидати што ќе настапат во Париз. Никако не смееме да дозволиме да падне нивната форма и затоа ќе продолжиме да се подготвуваме со истото темпо, но сега индивидуално, секој во својот клуб, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот. Наше е да работиме на тој план, а како ќе се одвиваат работите понатаму не зависи од нас. Оптимист сум, верувам дека ОИ ќе се одржат, а Македонија ќе има еден, а можеби и повеќе претставници што ќе се борат на татамите во Токио“, вели Арсовски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON