„Атлетик“ ја објави листата со 10 најдобри боксери на денешницата, Фјури не е во Топ 5

558

Кој е најдобриот „паунд фор паунд“ боксер на денешницата? Одговор на ова прашање  се обиде на ни даде угледниот „Атлетик“ чии стручњаци овие денови го составија своја Топ 10 листа.

Спрема „Атлетик“, најдобар боксер на денешницата е Канело Алварез.За поставување на Мексиканецот на врвот на оваа листа ретки се тие што ќе приговараат, затоа што станува збор за светски шампион во четири различни тежински категории и борец кој покрај 53 победи во кариерата забележа само еден пораз (Флојд Мејведер Јуниор) и две нерешени борби (Хорхе Хуарез и Генади Головкин).

Прв зад Канело е Васил Ломаченко (14-1), феноменалниот Украинец кој до титулите стигнуваше во три различни категории, а покрај тоа е и горд сопственик на неверојатна аматерска кариера во која вброи дури 396 победи и само еден пораз, ​​за кој потоа два пати се одмазди. Кога станува збор за Васил, не смееме да го изоставиме фактот дека тој е двократен олимписки победник (2008 и 2012 година) и двократен светски шампион (2009 и 2011 година, има и едно сребро од 2007 година).

Третото место на листата го зазеде непоразениот Американец Тренс Крафорд (36-0) кој освојуваше разни светски титули во три категории. 32-годишниот „Буда“ неодамна доби признание од големиот Флојд Мејведер Јуниор, кој смета дека е најдобриот паунд фор паунд боксер меѓу активните борци.

Податок кој им падна во очи на многумина е пласманот на Тајсон Фјури (30-0-1). Актуелниот шампион во тешка категорија на ВБЦ го зазеде „само“ шестото место на оваа листа, а веднаш зад него е уште еден великан – Александар Усик (17-0).

Погледнете го целосниот список подолу во текстот.

Топ 10 „паунд фор паунд“ боксери спрема „Атлетик“:

  1. Канело Алварез, 53-1-2 (36 КО)
  2. Васил Ломаченко, 14-1 (10 КО)
  3. Тренс Крафорд, 36-0 (27 КО)
  4. Наоја Ину, 19-0 (16 КО)
  5. Ерол Спенс Јуниор, 26-0 (21 КО)
  6. Тајсон Фјури, 30-0-1 (21 КО)
  7. Александар Усик, 17-0 (13 КО)
  8. Артур Бетербиев, 15-0 (15 КО)
  9. Мани Пакијао, 62-7-2 (39 КО)
  10. Хуан Франциско Естрада, 40-3 (27 КО)