Одложена борбата за светската титула меѓу Паркер и Фјури

Џозеф Паркер (22-0, 18 КО) на 6 мај во Оукленд требаше да ја брани ВБО титулата во тешка категорија против задолжителниот предизвикувач Хју Фјури (20-0, 10 КО).

Британскиот тим испрати соопштение дека ја откажува борбата поради повреда на Фјури во долниот дел на грбот.

Иако во соопштението се вели дека боксерот е депресиран, тимот на Паркер е убеден дека тој никогаш немал намера да пристигне во Нов Зеланд.

„Од првиот ден не сакаше да дојде во Нов Зеланд. Се тегнеше во текот на преговорите и моравме да одиме на тендер. Кога го добивме правото да ја организираме борбата во Нов Зеланд следеа нови борби околу договорот. Едноствано мислам дека не сакаа да дојдат. Шансите дека е повреден се еден спрема милијарда“, рече промоторот на Паркер, Дејвид Хигинс.

Паркер и понатаму треба да се бори на 6 мај, му се бара нов противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON