Кличко: Ако Џошуа планира да стане милијардер, подобро е да ме нокаутира

Владимир Кличко верува дека Ентони Џошуа ќе се скрши под притисок на очекувањата на целата земја.

Откако го подбеди Украинецот, Тајсон Фјури два пати го откажуваше реваншот и поради тоа Кличко ја направи најдолгата пауза во 21 годишната долга кариера.

Повторно има можност да ги врати ВБА, ИБО и ИБФ појасите, но во битката со англискиот нокаутер влегува како аутсајдер.

„Се чувствувам удобно, бидејќи го немам притисокот за одбрана притисок на титулите, ниту соборување на рекордот на Џо Луис како најдолготраен шампион во тешка категорија“.

„Целиот притисок е во аголот на мојот противник, бидејќи тој сака да ги обедини титулите. Таа ноќ сакам само за да уживам во рингот“.

„Сакам да уживаат во атмосферата и сакам самиот себеси да се импресионирам од моите способности, да покажам за што сум способен, а тоа е она на што сум фокусиран и со што сум опоседнат“.

Борбата со Џошуа привлече поголемо внимание од онаа со Фјури, 41-годишниот „Д-р Стилхамер“, ја прокоментира и изјавата на Џошуа дека од боксот сака да заработи милијарда долари.

„Мојот свет во моментов е многу мал. Моето време отчукува само до 29-ти април, не постои ништо друго“.

„Мора да ме нокаутира како што вети. Тој сака да стане милијардер. Се бори дома и мора да покаже за што е способен“.

Пред мечот со Фјури, Кличко беше непоразен 11 години. Борбата со Џошуа не треба да биде последна во неговата кариера.

„Се надевам дека имаам уште неколку години. Отсекогаш говорев дека здравјето и мотивација се многу важни. Ако еден од тие работи недостасува нема смисла да се продолжи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО