Одличниот Александар Неделковски е петти на Светското карате првенство во Чиле

Одличен настап на Александар Неделковски на Светското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори У-21 во Сантјаго, Чиле, во кати во јуниорска конкуренција. Неделковски го освои петото место, а малку му избега бронзениот медал.

Александар Неделковски го мина првиот круг како прв со 23,26 (16,24 + 7,02) со катата гоџушихо даи, а во вториот круг беше втор со 23,98 (16,66 + 7,32), пред него беше само Алесио Џинами од Италија со 24,3, кој стана шампион.  

Во третиот круг Неделковски беше трет со 23,6 (16 + 10), како и Луис Гарсија од Венецуела, а првото и второто место и припаднаа на Алесио Џинами 23, 38 и на Адам стелцл од Словачка 23,28 поени.

Во борбата за петото место Неделковски се пресмета со Луис Гарсија од Венецуела. Нашиот репрезентативец ја изведе катата „ганкаку“ и доби 23,86 (16,66 + 7,20) поени, а Гарсија за „кусанку“ 22, 98.

Во најзначајниот момент во кариерата, односно борбата за бронзениот медал се сретна со Карим Валед Гали, при што нијанси одлучуваа. Гали славеше со „ганкаку), бидејќи доби оценка 24,88, а Неделковски 23,06 (16,10 + 6,96) со изведба на „ун су“.

Во конечниот пласман Неделковски го освои петото место што е голем успех за него.

Владанка Аврамова во женска конкуренција во кати за јуниори е 31-ва.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО