Одлични финални борби ФФЦ Фјучерсот во Загреб

Заврши третото издание ФФЦ Фјучерс турнирот во Загреб. Во финалето бе авидени одлични борби, нови ММА надежи и кикбокс сцени, но и четири престижни борби.

Брестовац-Глори
Брестовац-Глори

Заврши третото издание ФФЦ Фјучерс турнирот во Загреб. Во финалето бе авидени одлични борби, нови ММА надежи и кикбокс сцени, но и четири престижни борби.

Во ММА програмата Матеј Трухан доминираше во текот на целата борба против Унгарецот Золт Фенјес и на крајот со “submission“ борба во третата рунда. Анте Делија делуваше импресивно и во првата рунда го победи Тахиарскис од Грција.

Во кикбокс делот Енвер Шљивар со едногласна одлука на судиите го совлада Игор Михаљевиќ, додека Младен Брестовац ја продолжи победничката низа. Треба да се додаде дека Италијанецот Лука Панто доживеа повреда на рамото и борбата заврши во првата рунда.

Во ММА финалињата славеа Стефан Звијер (-70 кг.), Владимир Продановиќ (-77 кг.), Бруно Гуштовиќ (-84. кг), Ивица Тадијанов (-93 кг.) и Фахрудин Феризовиќ во тешка категорија.

Победници во кикбокс се Валентин Рибалко (-70 кг.) и Никита Чаб (-85 кг.).

Ќе потсетиме дека македонскиот борец Виктор Стојанов во категоријата до 77 кг. во ММА делот, во полуфиналето со едногласна судиска одлука нашиот натпреварувач загуби со едногласна судиска одлука од претставникот на Босна и Херцеговина Немања Милаковиќ.

“Во полуфинале загубив со судиска одлука (на поени). Противникот беше преголем и потежок од мене, но сепак беше една одлична борба. Голема благодарност до мојот тим и тренерот Кристијан Кики Голубовиќ, без него сето ова би било невозможно“, напиша Стојанов на својот фејсбук профил, додадвајќи дека наскоро треба да произлезе и видео запис од неговата борба.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON