Мечот меѓу шампионот во средна категорија Израел Адесања и предизвикувачот Алекс Переира ќе биде главен спектакл на УФЦ на 12 ноември во Медисон сквер гарден.
Изи по шести пат ќе го брани појасот против стариот познаник од кикбокс деновите.
Имено, Переира и Адесања два пати се бореа меѓу себе, а бразилскиот борец двата пати беше поуспешен.
Израел особено го памети вториот од 2017 година кога загуби со нокаут, а сега има шанса да возврати.
По три средби во УФЦ и победа во последната борба против Шон Стрикленд, Бразилецот доби шанса да се бори за титулата.
А во пресрет на тој меч, Адесања објави официјално соопштение на својот канал на Јутјуб кое изгледа фантастично.
Изи не е премногу задоволен од маркетингот на УФЦ и промоцијата на неговите натпревари во последно време, па сам се вклучи во работата.
Тој во моментов има повеќе од 847 илјади следбеници на неговиот Јутјуб канал.
А ќе има уште интересни средби на програмата на големиот УФЦ 281 настан во Њујорк.
Карла Еспарза ќе го брани шампионскиот појас во мува категорија против Виели Жанг, додека Дастин Пориер ќе себори против Мајкл Чендлер.
Но, како изгледа најавата за главниот настан погледнете во видеото: