Одлична најава за дуелот на некогаш најдобрите пријатели Масвидал и Ковингтон (ВИДЕО)

Се е поблиску 5 март кога ќе се одржи настанот УФЦ 272 во Лас Вегас, предводен од судирот меѓу Хорхе Масвидал и Колби Ковингтон, некогаш најдобри пријатели, а сега лути ривали.

Најголемата светска ММА промоција објави уште едно одлично видео со кое го најавува нивниот дуел.

„Тренирам со најдобрите борци во светот и со мојот најдобар пријател Хорхе Масвидал. Најдобри пријатели сме, долго време живееме заедно и сега сме неразделни“, изјави еднаш Ковингтон, а слично зборуваше и Масвидал:

„Не е важно кој од нас ќе биде предизвикувач, јас и тој. Тој ќе навива за мене и јас ќе навивам за него. Ќе бидеме еден до друг и тоа нема да влијае на нашето пријателство“.

Двајцата загубија во последните средби од шампионот Камару Усман и со победа сакаат да добијат можност повторно да го нападнат појасот.

Масвидал загуби од Усман во јули 2020 година со едногласна одлука на судиите, а минатиот април беше поразени со нокаут во втората рунда.

Ковингтон го претрпе првиот пораз со прекин против Камару во декември 2019 година, го победи Тајрон Вудли следната година и повторно загуби од Усман минатиот ноември, овој пат со едногласна одлука на судиите.

Фантастичната најава вклучуваше и снимки кои ги одбележаа кариерите на двајцата некогаш големи пријатели, Хорхе и Колби.

https://www.youtube.com/watch?v=1_8X–XRSMc&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО