Одлична најава за боречкиот настан: УФЦ 301 Одбројување (ВИДЕО)

Најголемата светска ММА организација во сабота се враќа во Бразил. Рио де Жанеиро ќе биде домаќин на настанот УФЦ 301, на чие чело е пресметката за титулата во мува категорија меѓу шампионот Александре Пантоја и Стив Ерцег.

Пантоја ја направи својата прва одбрана на титулата минатиот декември со победата против Брендон Ројвал, додека Ерцег го доби својата шанса откако го нокаутира Мет Шнел во март.

Во конасловната борба ќе се пресметаат Џонатан Мартинез и повратникот Жозе Алдо, а во главниот дел од програмата е и дуелот помеѓу Ентони Смит и Витор Петрино.

Главниот дел од настанот го сочинуваат уште два интересни натпревари: Мишел Переира против Ихор Потиерија и Пол Крег против Каи Борала.

Во пресрет на овој настан, промоцијата го објави видеото УФЦ 301 Одбројување, кое уште еднаш ја евоцира одличната бразилска атмосфера:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON