Овој викенд УФЦ се упатува во Солт Лејк Сити, Јута. Таму ќе се одржи гала вечерта на УФЦ 278 која ќе ја реши судбината на титулата во велтер категорија.
Во главната битка Камару Усман ќе го брани тронот против стариот познаник Леон Едвардс. Усман веќе има една победа над Едвардс, но тоа беше пред 7 години. Сега сè е поинаку и Леон верува дека може да му се реваншира.
Во коглавната борба, Лук Рокхолд се среќава со опасниот нокаутер Пауло Коста. Поранешниот шампион во средна категорија верува дека може повторно да го достигне врвот. Сепак, тоа поминува низ тешките удари на бразилската ѕвезда.
УФЦ го започна одбројувањето и ни покажа што да очекуваме:
https://www.youtube.com/watch?v=JlPKkTAxk4M&feature=emb_title
Главна карта:
Камару Усман (в) – Леон Едвардс
Пауло Коста – Лук Рокхолд
Хозе Алдо – Мераб Двалишвили
Марцин Тибура – Александар Романов
Тајсон Педро – Хари Хунсукер
Прелиминарни:
Леонардо Сантос – Џаред Гордон
Ву Јанан – Луси Пудилова
Шон Вудсон – Луис Салдања
А.Ј. Флечер – Анџе Лоса
Франциско Фигуеирдо – Амир Албази
Аори Чиленг – Џеј Перин
Даниел Ласерда – Виктор Алтамирано