Од Ризин потврдија дека Федор нема да се бори на настанот во април

Fedor-Emelianenko so rizin pojas

Федор Емилијаненко нема да се натпреварува на следниот настан на Ризин, но од јапонските организација се сигурни дека Русинот ќе продолжи да се бори во нивниот ринг. Се во тек со нивните меѓусебни преговори.

Иако Федор неодамна изјави дека би можел да се бори на наредниот насатн на Ризин, кој е закажан за 17 април во јапонскиот град Нагоја, сепак тоа нема да се случи. Нешто повеќе за тоа се дозна од подпретседателот на јапонската организација, кој рече:

„Федор преговора за нов договор, но за тоа нема да излегуваме во јавноста. Извесно е дека нема да се бори на следниот настан во април, а ќе биде така. Туку ќе му најдеме некоја функција, што е сигурно дека неговите фанови нема да бидат разочарани“.

Се чини дека на неговиот настап ќе биде во август, кога Ризин подготвува нов голем турнир, во соработка со Белатор и уште некои други организации. Тешко е да се заклучи дали тој ќе биде дел од тој турнир, но се води кон тоа дека Русинот ќе се бори и понатаму, а нема да ја промени ниту промоцијата во која го направи враќањето во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО