Од работник во рудник за сол до УФЦ предизвикувач! Документарец за Френсис Нгану (ВИДЕО)

Како што многумина ги иритира начинот на кој УФЦ, а особено претседателот на промоцијата на Дана Вајт, го промовира Френсис Нгану, едноставно не можеме да побегнеме фактот дека неговиот живот е всушност една интересна и многу инспиративна приказна.

Французите снимиле документарен филм каде што предизвикувчот на УФЦ со камери го следеа во неговата татковина и ги однел на места кои го одбележаа неговиот одрастување и младоста. Од фактот дека од 12 години работел физички работи во рудник за сол, низ местота каде што живеел, па се дто тоа кога донел одлука се да остави и да се обиде да отпатува во непознатиот свет со цел да направи нешто од својот живот.

Освен локацијата во Камерун, Френсис е снимен и на места каде што се движел кога пристигнал во Франција и раскажува се што работел додека не дошол до тоа да тргне и да заработува со настапи во борби. Тоа всушност се случило дури кога стана УФЦ борец. Го следиме во салата за која дури и не знаел дека ММА сала, бидејќи во неа дошол со намера да тренира бокс.

Крајот на видеото ни зборува за тоа како станал УФЦ борец и кратко за тоа како станал она што е денес.

За жал, не постои начин да го вметнете видео во текстот, па можеме да го погледнеме на ОВОЈ линк. Го сакале или не Френсис, навивате за него или не, верувајте дека вреди овој филм да се погледне.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО