Од ОНЕ Чемпионшип се залагаат за пресметка со УФЦ

Основачот на ONE шампионатот, Чатри Ситиодтонг, е повеќе од подготвен да биде домаќин на заеднички настан против УФЦ. Со години се зборува за заедничка гала вечер меѓу нив, но Дана Вајт тоа не го сака.

Претседателот на УФЦ има добри односи со Ситиодтонг, а двете организации направија размена пред неколку години. Бен Аскрен се приклучи на УФЦ, а легендата Деметриус Џонсон отиде во ОНЕ. Неколку борци на УФЦ одлучија да се преселат во ОНЕ, каде што не им оди добро.

Во еден од последните настапи за медиумите Ситтдонг зборуваше за УФЦ.

„Ќе ви кажам, нема подобри борци од оние во шампионатите на УФЦ и на ОНЕ. Мислам дека УФЦ има предност во потешките категории, а ние во полесните од ОНЕ. Видовте дека борците на УФЦ кои дојдоа кај нас беа нокаутирани.

Можам да се спориме на темата дека ОНЕ има подобри лесни категории, а УФЦ е подобар во тешка и полутешка категорија. Често ме прашуваат за заеднички настан помеѓу ОНЕ и УФЦ. Се согласувам. Овде, во Азија, лесните категории се многу заситени. Талентот во овие категории е неограничен.

Азија е родно место на боречките вештини во изминатите 5.000 години. Имаме на тони таленти. Мислам дека другите организации немаат такви борци. Ние би направиле заеднички настан со УФЦ за да се бориме против шампионите во тешка категорија. Ќе се борат и жените.

Ќе биде епско. Сигурен сум дека ќе победиме, но и ќе загубиме некои битки. Уверен сум дека ќе доминираме од вополесните категории. Ќе има неверојатни битки и завршници. Ова е мојот сон“, ијзави Ситиодтонг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON