Од јануари 2022 година главните борби во Белатор ќе бидат во 5 рунди

Во последните неколку недели, имаше многу незадоволство од главните борби кај Белатор, кои се само 3 рунди. Пример за тоа е неодамнешната средба меѓу Даглас Лима и Мајкл Пејџ, кои се бореа во главната битка на Белатор во Лондон.

И двајцата не беа среќни што нивната средба беше во три рунди. Лима загуби со поделена одлука, а Пејџ рече дека ќе стигнеле до нокаут ако се бореле во пет рунди. И Јоел Ромеро се пожали по поразот од Фил Дејвис.

Јоел мислеше дека борбата ќе биде во 5 рунди, но беше во три и загуби по одлука на судиите. Овие проблеми нема да постојат од јануари 2022 година. Белатор соопшти дека сите поголеми битки во нивната организација сега ќе бидат 5 во пет рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО