Од 1 јанаури 2024 година се укинуваат спортските ваучери

Собранието на Македонија на 120 седница ги усвои Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, со кој, фактички од 1 јануари 2024 година се укинуваат спортските ваучери. Се избриша членот 30-а каде се регулираа ваучерите. А тие се спомнуваат и во членовите 39 и 40, така што одредбите од член 31-а престануваат да важат.

Тоа понатаму треба да се уреди со нов законски измени.

Во образложението се вели:

„Измените и дополнувањата на Законот произлегуваат и од потребата за намалување на административниот товар за даночните обврзници и за Управата за јавни приходи во делот на постојната обврска на обврзниците за задолжително поднесување на извештај за трансферни цени до Управата за јавни приходи. Со членот 30-а од Законот е предвидено даночно ослободување за даночните обврзници кои донираат во спортот. Имено истите имаат право на намалување на пресметаниот данок на добивка за дадените донации на спортски субјекти. Во насока на изедначување на третманот на дадените донации во спортот со донациите во другите области, како и разгледување на можноста за обезбедување на друг начин на поддршка на развојот на спортот се утврди дека е потребно да се избрише постојното даночно ослободување на обврзниците за дадените донации во спортот“.

Така во член 5 се вели дека членот 30-а се брише.

А во член 6 се истакнува дека „во член 39 во ставот (2) зборовите „и членот 30-а“ се бришат. По ставот (4) се додава нов став (5) кој гласи: „(5) Даночните обврзници кои изготвуваат и чуваат извештај за трансферни цени согласно членот 12-а од овој закон имаат обврска кон образецот „ДБ – даночен биланс за оданочување на добивка“, да достават Прилог со податоци за трансакции меѓу поврзани лица „П/ТЦ.“ Ставот (5) станува став (6)“.

Ова е член 30-а кој се брише:

(1) На обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски субјекти, кои се уплатени на посебна наменска сметка, му се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок.

(2) Спортски субјекти од ставот (1) на овој член претставуваат националните спортски федерации, спортските клубови, други правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт, како и активни спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови кои таквиот статус го стекнале според услови и критериуми пропишани во Законот за спортот.

(3) Правото од ставот (1) на овој член обврзникот го остварува врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт, согласно со Законот за спортот.

(4) За користење на правото од ставот (1) на овој член даночниот обврзник доставува до Управата за јавни приходи барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти.

(5) Управата за јавни приходи во рок од 15 дена го потврдува или одбива барањето од став (4) на овој член.

(6) Даночниот обврзник, во рок од 15 дена по потврденото барање од став (5) на овој член, до Управата за јавни приходи доставува известување за извршена донација.

(7) По доставување на известувањето од став (6) на овој член, даночниот обврзник може да го користи правото од ставот (1) на овој член.

8) Користењето на правото за намалување на пресметаниот данок на добивка согласно одредбите на овој член, го исклучува правото на даночно поттикнување кај данокот на добивка согласно со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности за дадени донации во спортот.

(9) Доколку на даночниот обврзник или на лице поврзано со него, му бидат вратени донираните финансиски средства од страна на спортските субјекти од став (2) на овој член, директно или преку набавка на стоки и услуги, обврзникот го должи данокот кој би го платил доколку не го користел ослободувањето од овој член.

(10) Даночниот обврзник кој го користи даночното ослободување пропишано во став (1) на овој член може да донира во еден спортски субјект од секој вид спорт.

(11) По исклучок на ставот (10) на овој член даночниот обврзник кој го користи даночното ослободување пропишано во ставот (1) на овој член може да донира во два спортски субјекти од ист вид на спорт, само доколку едниот субјект е националнa спортскa федерациja, a другиот спортски субјект е спортски клуб или активен спортист кој се натпреварува во индивидуален спорт.

(12) Начинот на спроведување на даночното ослободување од ставот (1) на овој член го пропишува министерот за финансии.

(13) Износот на вредноста на издадените ваучери врз основа на кои обврзниците го остваруваат правото на даночно ослободување од ставот (1) на овој член изнесува 10 милиони евра годишно.

Членовите со кои се регулира употребата:

Член 39

(1) Даночниот обврзник е должен утврдувањето и плаќањето на данокот на добивка да го врши врз основа на образецот „ДБ – даночен биланс за оданочување на добивка“ што се доставува до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на годишната сметка согласно со Законот за трговските друштва и прописите за сметководство.

(2) При престанување на условите за даночно ослободување од членот 28 ставови (3) и (4) и членот 30-а од овој закон, данокот на добивка се утврдува и плаќа врз основа на образец „ДД-ДО“, кој се доставува до Управата за јавни приходи во рок 30 дена од денот престанување на условите за даночно ослободување.

(3) Субјектите од членот 31 на овој закон годишниот данок на вкупен приход го утврдуваат на образецот „ДБ – ВП – Годишен данок на вкупен приход“ кој се доставува до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на годишната сметка согласно Законот за трговските друштва и прописите за сметководство во годината што следи по годината за која се врши оданочувањето, а плаќањето на данокот се врши најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот.

(4) Обврзниците од членот 4-а став (3) од овој закон се должни утврдувањето на данокот на вкупен приход да го вршат врз основа на даночен биланс на непрофитни организации – образец „ДБНП/ВП“ кој се доставува до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на годишната сметка согласно со Законот за сметководството за непрофитните организации, а плаќањето на данокот се врши најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот.

(5) Формата и содржината на образецот од став (2) и образецот од став (4) на овој член ги пропишува министерот за финансии.

Член 40

(1) Месечните аконтации на данокот на добивка во даночниот биланс „ДБ – даночен биланс за оданочување на добивка“ се утврдуваат во износ од една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината, односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.

(2) Месечните аконтации се плаќаат во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец.

(3) Даночните обврзници кои донирале средства согласно член 30-а од овој закон имаат право на намалување на месечните аконтации од став (1) на овој член во висина од дадената донација но најмногу до 50% од износот на месечните аконтации на данокот на добивка.

(4) Обврската за плаќање на месечни аконтации не се однесува на организациите од член 4-а став (3) и трговските друштва од член 31 од овој закон

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON