Фати Вејсели денес со најзабележителен настап на СП во борење во Белград

На Светско првенство во борење за сениори во Белград, Србија, во денешните настапи на нашите репрезентативци Фати Вејсели имаше најзабележителен настап.

Фати во првата борба славеше со 7-0 против Мајкл Стенли Аселстине од Канада, но во осминафиналето загуби од Ерменецот Арман Андерсјан 2-5. За жал, Арман не се пласира во финалето и не му овозможи репасаж на Вејсели.

Бесир Алили загуби од Џозеф Андрес Силва од Порторико 2-3, а Дејан Митров од Сандип Синг Мен 0-10.

Утре од македонските борачи настапуваат Владимир Егоров, Расул Шапиев и Ахмад Магомедов.

Светското првенство е прв квалификациски турнир за олимписка норма за Олимписките игри во Париз 2024 година, а денес тоа беа категориите до 86 и до 125 килограми.

На СП настапуваат над 800 борачи.

Резултати СП:

61 кг
Бесир Алили – Џозеф Андрес Силва (Порторико) 2-3

70 кг
Фати Вејсели – Мајкл Стенли Аселстине (Канада) 7-0
Фати Вејсели – Арман Андерсјан (Ерменија) 2-5

86 кг
Дејан Митров – Сандип Синг Мен 0-10

17-18 септември
57 кг Владимир Егоров – Роберти Дингашвили (Грузија)
74 кг Расул Шапиев – Сеунгчул Ли (Кореа)
79 кг Ахмад Магомедов – Ахмед Усманов (неутрален)

18-19 септември
97кг Магомедгаџи Нуров

20 септември
50 кг Вероника Рјабоволова

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО