Туристичката агенција Атлантис од денеска ќе почне да ги враќа парите на децата кои учествуваа на Балканското првенство во карате за деца во Истанбул-Турција, поради сметсувањето на 5-6 деца во соба, наместо ветеното по 2-3.
„Чекаме уште сметки од децата. Досега се доставени половината, а станува збор за над 80 деца, односно 40-тина се доставени. Бидејќи многумина не ги доставиле жиро-сметките до нашата агенција ние уште денска ќе почнеме со исплатата на доспеаните сметки, затоа што работата многу ќе се развлече. Ќе се враќаат од денес 1.200-1.300 денари“, изјави Павлина Сукалова од ТА Атлантис за Ipon.mk.
Да нагласиме дека тренерите на клубовите треба да ги достават сметките преку кое е вршено плаќањето за Истанбул, за што побрзо да се реализира повратот на парите како обештетување за лошото сместување.
Ipon.mk/В.Д.