Образование за стручните кадри во спортот – потреба и обврска

Sapseski Andonovski vuica

На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје денес се одржа тематска расправа која произлегува од рамките на заедничките програмски активности на Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за физичко образование – Институт за научна поддршка на спортот, а се однесува на анализа на состојбите со стручните кадри во националните спортски федерации во Република Македонија.

Основен акцент беше ставен на предлози за развојни компоненти на едукација, организирање и делување во спортот.

– Агенцијата за млади и спорт во своите програмски определби и секојдневни комуникации постојано го нагласува ставот дека целосно ја почитува самостојноста на националните спортски федерации, барајќи, од нив да ја почитуваат националната регулатива со која се уредува дејноста спорт. Република Македонија, во своите определби постојано дава поддршка на едукација на тренерите во спортот и навремено превзема одредени активности, изјави Спасески.

Денес, се соочуваме со аргументот дека во рамките на современите концепти потребно е надградување на образовниот систем за едукација на тренери во Република Македонија. Наша определба е да обезбедиме услови за успешна двојна кариера на нашите млади спортисти, обезбедувајќи им услови за успешна спортска кариера и во исто време подготвувајќи им простор и за градење на професионална кариера, како активни тренери во клубовите, додаде директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Тој очекува овој модел да придонесе да се зголеми квалитетот и квантитетот на тренерскиот кадар во Република Македонија.

Агенцијата за млади и спорт препорачува, националните спортски федерации и клубовите кои настапуваат на меѓународна спортска сцена при ангажирање на тренери од странство да го почитуваат принципот: да се носат едуцирани и проверени тренери, како можност за брз трансфер на знаења од меѓународниот спорт, почитувајќи ги меѓународните стандарди и искуствата во оваа дејност.

– Сево ова во соработка со Факултетот и Институтот за стручна и научна поддршка на оваа проблематика, ќе овозможи за многу скоро време да понудиме и нова иницијатива и законска рамка за тренерите, притоа јасно дефинирајќи ги условите, компетенциите, правото на работа и секако задолжителното воведување на лиценцен систем, рече Спасески.

Професорот и декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје Вуица Живковиќ очекува денешната јавна расправа да придонесе за дефинирање на јасни и прецизни заклучоци.

– Очекувам оваа дебата да придонесе за уредување на најважниот сегмент во спортот, а тоа  се стручните лица, односно едукацијата на тренерите кои работат во спортскиот систем и придонесуваат за неговиот развој.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON