Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану на 28 октомври ќе боксира против Тајсон Фјури во Саудиска Арабија.
На подготовките на Френсис против шампионот на ВБЦ учествува и боксерската легенда Мајк Тајсон, а на социјалните мрежи беше објавена снимка од неодамнешниот тренинг.
Видеото веднаш стана вирално, а некои фанови веднаш забележаа дека 57-годишниот Тајсон ќе има поголеми шанси против Фјури од Нгану.
Поранешниот светски шампион во суперсредна категорија на ИБФ, Калеб Труакс, беше еден од првите кои реагираа на видеото: „Ужасно е колку бавно удира“.
Други љубители на боксот дојдоа до сличен заклучок, еве неколку:
„Не изгледа добро за Нгану. Мечот ќе трае се додека Фјури сака да боксира. Можеби само неколку рунди“.
„Железниот Мајк веројатно би бил подобар во рингот од Нгану. Ќе биде непријатно да се гледа“.
„Па, Тајсон изгледа побрзо и има 57 години.
„Зошто дел од мене мисли дека ваквиот Мајк Тајсон има поголеми шанси да го победи Фјури отколку Нгану?
„Исусе, Тајсон Фјури ќе го убие“.
„Навистина се надевам дека снимката е од вториот дел од тренингот кога Нгану се измори, бидејќи изгледа многу бавно“.
Class is in session with Iron Mike 💥 @Francis_Ngannou | #FuryNgannou pic.twitter.com/qSClQQEOra
— Top Rank Boxing (@trboxing) September 26, 2023