Алекс Волкановски сака борба со Илија Топурија во јануари 2024 година

Александар Волкановски сака да се бори во јануари 2024 година.

Шампионот во перо категорија сака да ја брани титулата против Илија Топурија. Желбата на „Големиoт“ беше да направи реванш со Ислам Махачев, но тој ќе се бори во октомври и нема да се согласи на борба во јануари.

Значи Илија Топурија е единствената опција пред Волкановски. Тие двајца сега застанаа лице в лице и усно се договорија на дуел. Алекс има скор од 26-2 во ММА и има 5 одбрани на појасот. Тој заврши 16 од своите средби и падна еднаш со завршница.

Само Махачев успеа да го победи Волкановски во кариерата во УФЦ. Алекс победи на секоја од неговите 13 борби во перо категорија во УФЦ.

Топурија има скор од 14-0 во ММА. Има 6 победи во УФЦ, четири пати со завршница. Илија завршува 12 од неговите натпревари и во последните 3 борби заработи бонуси. Топурија победи на 9 од своите натпревари веќе во првата рунда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diaz Twins MMA (@diaztwinsmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО