Белатор ја објави датата на втората борба во полуфиналето на Гран прито во тешка категорија.
Поранешниот шампион на Прајд, Федор Емелијаненко (37-5), ќе се сретне со Чаел Сонен (31-15-1) на 13 октомври во Њујорк.
Првото полуфинале меѓу шампионот на Белатор во полутешка категорија на Рајан Бадер и Мет Митрион ќе се одржи еден ден претходно во Конектикат.
41-годишниот Емелијаненко во четвртфиналето го нокаутира Френк Мир за 48 секунди, додека неговиот врсник Сонен со одлука судиите беше подобар од Квинтон Џексон.
Финалето, односно борбата за титулата победник на Гран при и шампион во тешка категорија, би требало да се одржи во почетокот на следната година. Рој Нелсон е резерва на турнирот.