Могамедгаџи Нуров загуби од големиот Кајл Снајдер од САД во четвртфиналето на Светското првенство во борење слободен стил во Осло, Норвешка.
Снајдер сигурно ја градеше предноста, а на 20 секунди до крајот освои уште два поени и ја заврши борбата со технички туш 0-11.
Сега Нуров ќе треба да чека на пласман на Снајдер во финалето, за да добие шанса во репасажот.
Претходно Нуров ги совлада Литванецот Лукас Карасаукас со 17-6 и во осминафналето Нуров славеше на Полјакот Радослав Баран 3-1.
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Лукас Карасаукас (Литванија) 17-6
Могамедгаџи Нуров – Радослав Баран (Полска) 3-1
Могамедгаџи Нуров – Кајл Снајдер (САД) 0-11 (TT)