Нашиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров (97 кг) во четвртфиналето на Европското првенство во борење слободен стил во Касписк, Русуија, е поразен од Александар Хуштин (Белорусија) со 2-6.
Нуров во репасажот ќе се бори со Германецот Генади Чудинович, ако извојува победа ќе се бори за бронзениот медал со Азербејџанецот Нурмагомед Гаџиев.
Утре се борат Елмедин Сејфулаху (61 кг) со Белорусинот Ниурхун Скрабин и Бобан Савев (92 кг) против Кирило Миешков од Украина.
Ipon.mk