Нуров патува на подготовки во Будимпешта до почетокот на ЕП

Македонскиот олимпиец, Могамедгаџи Нуров, по освојувањето на златнот медал на Отвореното првенство на Полска во Милиц, ќе замине на подготовки во Будимпешта, каде што од 28 март до 3 април ќе се одржи Европското првенство за сениори.

„Нуров во Будимпешта ќе се подготвува со борачи на Романија, Полска, Унгарија и други репрезентации. Во Полска добро се избори, а до ЕП ќе биде во добра форма. Секако дека атаклуваме на медал, сепак нашата цел е Олмпијадата во Париз 2024 година“, вели неговиот тренер и освојувач на бронзениот медал за Макеоднија на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, Магомед Ибрагимов.

Мага вели дека ќе биде присутен во Будимпешта.

Да потсетиме дека вчера Нуров извојува три победи, при што во финалето го совлада Збигњев Барановски од Полска со 5-2.

Резултати
Могамедгаџи Нуров – Збигњев Барановски (Полска) 5-2 финале
Могамедгаџи Нуров –Лукас Красаускас (Литванија) 10-0
Могамедгаџи Нуров – Михал Биелавски (Полска) 6-0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON