Нуров нема да настапи на Светскиот куп во Белград поради повреда

208

Нашиот најдобар борач Могамедгаџи Нуров нема да настапи на Светскиот куп во Белград, Србија.

Според тренерот на Нуров, Могамед Ибрагимов, Нуров има повреда на коленото и затоа не сакаат да ризкуваат, иако во прашање се доведува медал, за кој, секако, нашиот репрезентативец имаше големи шанси.

Според жребувањето, на СК нестапи само Минир Реџепи (57 кг), кој треба да се бори Дијамантино Фафе од Гвинеа Бисао.

Првично беа пријавени:
65 кг Елмедин Сејфулаху
61 кг Владимир Егоров
79 кг Астрит Исмаили
86 кг Столе Ефтимов
92 кг Реџеп Хајдари
97 кг Могамедгаџи Нуров
125 кг Бобан Данов