Нуров не се избори за европската бронза и го освои петото место (ФОТО)

Могамедгаџи Нуров (97 кг) загуби 0-4 во борбата за бронзениот медал на Европското првенство во борење слободен стил во Касписк, Русија, со што го освои петото место во вкупниот пласман. Тој забуги од Азербејџанецот Нурмагомед Гаџиев.

Гаџиев поведе 1-0 со казнен поен на Нуров, резултат со кој заврши првата рунда. Во втората Гаџиев два пати го истера нашиот репрезентативец од душекот и поведе со 3-0 и 4-0. Нуров во втората рунда влезе поагресивно, но Гаџиев нему дозволи да му се доближи и да направи нешто посериозно.

Нуров по втор пат не успева да се врати со медал од европските првенства, иако беше многу близу.

Да истакнеме дека Нуров во репасажот со технички туш (11-0) го совлада Германецот Генади Чудинович, а претходно во четвртфиналето беше поразен од Александар Хуштин (Белорусија) со 2-6.

Елмедин Сејфулаху (61 кг) од Белорусинот Ниурхун Скрабин и Бобан Савев (92 кг) од Кирило Миешков од Украина денеска беа поразени.

Билансот на нашите репрезентативци од 5 борби е 1-4.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО