Нуров и го донесе вториот златен медал на Македонија на Медитеранските игри

Могамедгаџи Нуров  (-97 кг) и го донесе вториот златен медал на Македонија на Медитеранските игри во Тарагона. Нуров со технички туш, одсно 11-0 го совлада Симоне Ијанатони од Италија.

Нуров во супериорна борба како да се поигруваше со својот противник и за околу 90-ина секунди со технички туш го совлада Италијанецот.

Нуров го држеше лутината од полуфиналната борба со Турчинот, не се ни испоти за време на борбата и заслужено го освои златниот медал.

Да посетиме дека пред неколку минути Дејан Митров (-74 кг) го освои бронзениот медал победувајќи го 3-1 Будра Мохамед од Алжир. Додека Бесмир Веселовски го забележа два порази од Канева Арон од Италија со 9-12 и од Таимураз Наскидаева Фриев (Шпанија) 0-10.

Резултати
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Антонио Руиз Родригез (Шпанија) 9-0
Могамедгаџи Нуров – Јунус Деде (Турција) 8-5
Финале
Могамедгаџи Нуров – Симоне Ијанатони (Италија) 11-0 (ТТ)

-65 кг
Раиф Камбери – Илман Мухтаров (Франција) 0-10 (ТТ)

-74 кг
Дејан Митров – Сами Мустафа (Египет) 6-9
За бронза
Дејан Митров – Будра Мохамед (Алжир) 3-1

-86 кг
Бесмир Веселовски – Ахмет Белиџи (Турција) 0-10 (ТТ)
Бесмир Веселовски – Ахмед Аибуев (Франција) 0-11 (ТТ)
Бесмир Веселовски – Канева Арон (Италија) 9-12
Бесмир Веселовски – Таимураз Наскидаева Фриев (Шпанија) 0-10 (ТТ)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON