Нуров ги заврши подготовките за Светското првенство во Норвешка

Најдобриот македонски борач, олимпиецот Могамедгаџи Нуров ги заврши подготовките во Сочи, Русија.

Нуров се подготвуваше со руската репрезентација од 26 август до 10 септември за Светското првенство во Осло, Норвешка, од 2 до 6 октомври.

Нуров треба да настапи во категоријата до 97 килограми.

Нуров настапува во греманската Бундес лига, но мечот на неговиот КСЦ Греманија Хесбах беше одложен. Најверојатно, ќе настапи во второ коло на 23 септември, како последна контролка пред настапот на СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON