Нурмагомедов за Американците: Шетаат голи, а нè учат на морал!

Борецот на УФЦ во бантам категорија, Умар Нурмагомедов остро зборуваше за моралот во американскиот Сан Франциско.

26-годишниот братучед на Хабиб Нурмагомедов моментално е во САД, каде што тренира. Умар има закажана борба за 14 јануари со Раони Барселос. Тие ќе се борат на УФЦ Фајт најт 217 кој ќе се одржи во Лас Вегас во Институтот УФЦ.

Оваа борба ќе биде голем тест за Умар кој има скор од 15-0 во ММА. Нурмагомедов не е навикнат да гледа голи луѓе во Дагестан. Тој објави фотографија на која се гледаат двајца Американци како се шетаат голи.

„Двајца идиоти голи шетаат низ Сан Франциско. И сакаат да не научат на морал. Се викало „Цивилизација“, велат тие“, напиша борецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО