Нурмагомедов кажа дека не планира да се врати во рингот, иако УФЦ му нудел 40 милиони долари.
„Тешко е да се каже ‘не’ на 40 милиони долари. Но за мене тие пари не се најважни. Не беше лесна одлука, но решив да останам надвор од рингот. Среќен сум со мојата одлука“, вели Нурмагомедов.